Поврзете се со нас

Шпанија

Бејл проговори за најлошата навика на Роналдо: Победувавме 5:0, а тој……. (Видео)

Објавено

на

Герет Бејл реши да стави крај на кариерата и не пронајде мотив да продолжи да игра по крајот на Светското фудбалско првенство во Катар, турнир кој се покажа како последен во неговиот фудбалски пат.

Велшанецот веднаш по пензионирањето се препушти целосно на спортот кој му беше најголема страст последните неколку години и веќе беше дел од неколку голф турнири, а од последниот пристигнува и сцена која брзо стана вирален хит.

Причина за тоа е разговорот кој го води Бејл со еден од организаторите на турнирот, кој побара од Герет да му открие неколку детали за Кристијано Роналдо.

Бејл ја делеше соблекувалната со Португалецот во Реал и заедно освоија се што можеше да се освои, па иако има добро мислење за Кристијано, сепак ја потенцира и неговата најлоша навика.

– Всушност тој беше добар соиграч, но имаше свои моменти. Имаше натпревари на кои победувавме 5:0, а влегуваше во соблекувалната нервозен бидејќи не постигнал гол и ги расфрлаше копачките. Тоа е исто како вашиот тим да победува на Рајдер Купот (силен голф турнир), а вие да бидете незадоволни бидејќи не сте донеле поени, – вели Герет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни