Поврзете се со нас

НБА

Батлер: Не сме задоволни, сакаме да ја освоиме титулата

Објавено

на

Составот на Мајами Хит излезе како победник од „мајсторката“ со Бостон Селтикс и со тоа истиот беше крунисан за најдобар во источната конференција во НБА лигата.

Меѓутоа „жешките“ не се задоволуваат со овој резултат и преку нивниот најдобар играч и лидер Џими Батлер испратија порака пред финалето со Никола Јокиќ и Денвер Нагетс.

-Воопшто не сум изненаден со ова што го постигнавме. Имам целосна верба во себе и во тимот, оваа група на играчи, во тимот кој заедно го составија тренерот Ерик Сполстра и Пет Рајли. Јас сведочам за тоа секој ден. Знам каква група имаме, знам колку сме добри и резултатот дојде, -рече Батлер и додаде:

-Никој се уште не е задоволен во Мајами. Сè уште не сме направиле нешто големо и никој од нас не играше нас само за да ја освоиме Источната конференција. Играме да ја освоиме титулата, -порача јасно и гласно ѕвездата на Хит.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни