Поврзете се со нас

Германија

Баслер посочи кој ќе биде тренер на Баерн: Единствената личност…

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBayernEN

Баерн Минхен е во потрага по нов тренер, човек кој ќе го наследи Томас Тухел кој си заминува од сегашната функција на крајот на оваа сезона.

Баварците одлучија дека е време за разделба со Тухел и сега ќе треба да донесат важна одлука за тој ќе го води проектот. Најмногу се споменува името на Чаби Алонсо, но секако има и други опции кои клубот ги разгледува и за кои ќе треба да пресече наредниов период.

Марио Баслер како поранешен играч на Баерн внимателно ги прати сите случувања и тој даде прогноза, тип за тоа кој може да го наследи Тухел на жешкото столче.

-Нема премногу алтернативи на пазарот на тренери. Исто така, верувам дека Чаби Алонсо ќе остане во Леверкузен или ќе замине во друг клуб – можеби Мадрид или Ливерпул. Можеби ќе остане во Леверкузен уште една година, а потоа ќе замине во Мадрид кога Карло Анчелоти ќе се пензионира. Единствената личност која лесно би можела да ја замислам е Зинедин Зидан, -рече Марио кој потоа говореше за потезите на германскиот великан.

-Не ја разбирам кадровската одлука на Баерн. Баерн уште еднаш донесе брзи одлуки, исто како што правеше со Јулијан Нагелсман во минатото. Тоа исто така ми беше многу несфатливо.Доколку се оствари тоа сценарио [Баерн да ја освои Лигата на шампионите], би бил љубопитен да видам дали Баерн Минхен ќе има карактер да каже: „Донесовме одлука прерано. Сакаме да ја смениме одлуката“. Можеби повторно ќе седнат со Тухел и ќе видат дали можеби ќе продолжат уште една или две години, -заврши поранешниот германски репрезентативец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни