Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона за брзо време ќе пресече околу наследникот на Бускетс (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.jornadaperfecta.com

Заминувањето на Серхио Бускетс е проблематично за Барселона особено затоа што клубот нема доволно финансиски средства да ги нападне посекуваните желби на Чави Ернандес како што се Мартин Зубименди или Јозуа Кимих.

Каталонците мора да бараат поевтини опции, варијанти и во изминатиов период едно име се издвојува-тоа е членот на Џирона, Ориол Ромеу. Ромеу е поранешен играч на Барселона кој долго време настапуваше во Англија, има искуство и до Германија што значи дека би бил едно проверемо решение кое би можеле да ги реши проблемите во наредната сезона или две.

„Спорт“ пренесева дека Барса се има договорено со играчот, два плус една години што значи дека сега би требало да се разбере со Џирона со тоа што операцијата би изнесувала околу шест до десет милиони евра во зависност од тоа дали би било потребнод да се активира клаузулата.

Меѓутоа истиот овој извор пренесува дека Барса вонаредните 24. 48 часа треба да донесе конечна одлука, да се соберат сите важни луѓе на едно место и да се пресече дали да се тргне во завршна офанзивна за Ромеу или да се почека да не се отвори друга опција на пазарот.

Ако дојде Ромеу тогаш многу полесно би можеле и да се развиваат играчите од Ла Масија кои поседуваат голем потенцијал како Марк Касадо, Пау Прим, Жерард Ернандес и Марк Бернал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни