Поврзете се со нас

НБА

Баркли удри по размазените НБА ѕвезди: Заработуваат по 80 милиони долари…

Објавено

на

НБА лигата од година во година се повеќе и повеќе ги губи своите фанови, односно го нема тој интерес за играта како во минатото кога љубителите на кошарката едноставно не пропуштаа натпревари низ сезоната, а и низ плејофот.

Има повеќе причини за тоа, а една од нив дефинитивно е што има се поголем број на играчи кои со поддршка на своите тимови одмараат, не се трошат доволно во текот на регуларниот дел од сезоната се со цел да бида спремни за разигурвањето, Често сме сведоци кога има по два натпревари во два дена да видиме кошаркарите кои ќе играат на еден од нив и потоа се наоѓаат на списокот на повредени за да потоа магично бидат спремни за наредниот предизвик.

Ова не му се допаѓа на легендарниот Чарлс Баркли кој во свој стил ги подбра размазените НБА ѕвезди.

-Мислам дека навивачите не се лутат ако зарабoтувате 30, 40, 50 милиони долари и играте секоја вечер. Но, не можете да заработите 30, 40, 50 милиони долари и да не играте натпревари. Toa покажува недостаток на почит кон играта и кон навивачите кои плаќаат билети со нивните тешко заработени пари за да ве гледаат, -вели Чарлс и додава:

-Навивачите потоа ќе се запрашаат: заработувате 70, 80 милиони долари и потоа не можете да играте 3, 4 натпревари во текот на неделата? На играчите им се овозможува приватни летови и најдобри лекарски тимови. Не работат во фабрика за челик. Луѓето кои таму работат сигурен сум дека се уморни, но тие одат на работа секој ден, -подвлече најкорисниот играч во НБА лигата во 1993 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни