Поврзете се со нас

Европски првенства

Барди: Го живееме сонот, цел свет ќе дознае дека во Македонија се игра одличен фудбал

Објавено

на

Остануваат само уште неколку денови до премиерниот настап на Македонија на големите фудбалски настани и тоа Европското првенство.

Нашиот национален состав е веќе во Букурешт каде ги прави завршните подготовки за знајачните предивици во групата Ц со тоа што првиот веќе не очекува викендов против Австрија на 13 јуни. Еден од најголемите наши адути е Енис Барди кој ги надмина сите здрваствено проблеми, коронавирусот и е подготвен да даде се од себе за успех на Македонија на ЕП.

-Прво би сакал да се заблагодарам на селекторот, соиграчи и федерацијата за поддршката што ја добив додека бев во изолација. Не беше лесно, ама се помина во најдобар ред. Немам никакви проблеми, се е во ред подготвен сум физички и психички за ЕП. Со нетрпение го очекувам стартот на ова првенство, сите сме максимално фокусирани на првиот натпревар против Австрија, селекција која ни е многу добро позната.

-Тоа што го постигнавме со селекцијата до 21 година во Полска е нешто незаборавно, ама ова е нешто сосема поразлично. Не сме аутсајдери, на ова Европско првенство ќе потврдиме колку навистина вредиме како тим.  Чест ми е што сум дел од оваа генерација која оствари историски успех, пласман на едно ЕП. Ќе дадам се од себе, селекторот ќе одлучи дали ќе играм од почеток. Треба да бидеме максимално концентрирани на секој натпревар и во текот на сите 90 минути, -порача членот на шпанскиот прволигаш Леванте.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни