Поврзете се со нас

Лига на нации

Азар: Ќе се врати стариот Азар, потребни се само…

Објавено

на

Фудбалерот на Реал Мадрид, Еден Азар е оптимист и верува дека ќе ја врати својата стара препозналива форма во наредниот период.

Азар не се прослави по трансферот од Челси во Реал, веќе поминаа неколку години, но Белгиецот е оптимист и верува дека работите ќе си дојдат на свое место само ако биде фит, здрав и подготвен. Еден беше стартер во вчерашната убедлива победа над Полска од 6-1, средба на која не даде гол иако имаше шанси, ама запиша една асистенција.

-Отсекогаш тоа сум го велел, ќе се вратам играјќи повеќе натпревари и минути. Имав шанси, но за жал ги пропуштив. Ајде да видиме следниот пат, -рече Еден.

Белгија во наредните денови ќе се соочи со Велс и Полска што секако е можност за ѕвездата за нови минути и влегување во посакуваниот ритам.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни