Поврзете се со нас

Европски првенства

Австрија ја исфрли Шпанија од ЕП, Франција го доби дербито во Берлин

Објавено

на

Еден од најголемите фаворити за медал на Европското првенство, селекцијата на Шпанија го завршува настапот на турнирот во Германија уште по првата фаза.

Шпанците вечерва не успеаа да ја совладаат Австрија, а резултатот 33:33 значеше нивна елиминација од шампионатот со оглед на претходните резултати во Б групата.

Божовиќ даде гол во самата завршница и со тоа донесе голема радост на Австријците кои претходно ремизираа со Хрватите и ја добија Романија. Билик со осум кога беше прв поединец кај Австрија, додека на другата страна исто толку даде крилото Абелјо.

Франција пак го доби дербито со Германија со 33:30 и го освои првото место во А групата во која беше и македонската селекција. Германците ја имаа поддршката од трибините, ама „триколорите“ се справија со тоа и запишаа триумф кој може многу да значи воо продолжението на ЕП.

Во третиот натпревар Унгарија беше убедлива против Исланд со 33:25.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни