Поврзете се со нас

АБА лига

Атанасов: Работата не е завршена, ќе бараме победи и на следните два натпревари

Објавено

на

Кошаркарите на МЗТ Скопје издвојуваа победа над ТФТ Скопје со 95:69 во македонската пресметка во АБА2 лигата.

Клубот од Аеродром се покажа во далеку подобро издание, имаше контрола на играта, резултатот од првата до последната четвртина и заслужено дојде до осмото славје во единаесеттиот натпревар во оваа конкуренција.

-За нас ова беше добар меч кој го контролиравме од почетокот, бевме во водство 38 минути. Добра претстава на моите играчи, но за нас работата со ова не е завршена, имаме уште два натпревари во кои мораме да останеме приземни и бараме победи,  -порача тренерот на аеродромци, Васко Атанасов.

„Штрковите“ до крајот на овој турнир ќе се соочат со Златибор и Широки Бријег.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни