Поврзете се со нас

Свет

Атаман се збогуваше со трофеј, Анадолу Ефес повторно е број еден во Турција (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/AnadoluEfesSK

Екипата на Анадолу Ефес е новиот кошаркарски шампион на Турција, тутула која ја освои откако во финалната серија ја надигра Пинар Каршијака со чисти 3-0.

Во денешниот меч евролигашот како гостин славеше со 83-74 што беше доволно да се затвори оваа битка, односно да се врати лигашкиот трофеј по пауза од една година.

Блескава партија имаше Мициќ со 29 поени и 7 асистенции, па Србинот сосема заслужено ја понесе наградата МВП за финалето. Кај поразените Браун уфрли 21 поен.

Со ова тренерот Ергин Атаман на најдобар можен начин се збогува со Анадолу Ефес, состав на кој верно му служеше шест години во третиот мандат кој беше исполнет со многу пехари меѓу кои два беа од Евролигата.

Наредна негова дестинација ќе биде Панатинаикос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни