Поврзете се со нас

Англија

Арсенал не пронајде начин да го пробие Њукасл, Јунајтед реди победи (ВИДЕО)

Објавено

на

Лидерот во Премиер лигата, екипата на Арсенал не успеа да ја добие битката со Њукасл на „Емирејтс“.

„Топчиите“ немаа загубено бодови во Премиер лигата од месец октомври кога ремизираа против Саутемптон (1-1), односно тоа вечерва им се случи по подолга пауза затоа што останаа без „муниција“ против избраниците на Еди Хау (0-0).

Ова секако ќе биде можност за Манчестер Сити да го намали минусот и дојде на „само“ пет бод од врвот, ама за тоа да се случи ќе мора да слави над Челси.

Манчестер Јунајтед пак влезе во одличен ритам, па лесно го реши Борнмут на средбата на „Олд Трафорд“. Касемиро, Шо и Рашфорд беа стрелци на головите со кои „црвените ѓаволи“ додоа до 35 бод со што се израмнија со Њукасл.

На другите средби Лестер загуби од Фулам, а Брајтон го понижи Евертон на „Гудисон Парк“ (4-1).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни