Поврзете се со нас

Англија

Арсенал мерка уште еден играч на Сити

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Арсенал сака да изгради уште подобар, покомпетитивен тим ова лето, тим со кој наредната сезона ќе може да нападне некој од титулите во најважните натпреварувања.

Веќе се договорени играчи како Каи Хаверц и Деклан Рајс, ама „топчиите“ немаат намера тука да застанат, па го меркаат и асот на Манчестер Сити, Жоао Кансело.

Клубот од Лондон минатото лето ги доведе од „Итихад“ Габриел Жезус и Олександр Зинченко што се покажа како полн погодок, па воден од тоа Микел Артета сака да го ангажира и Кансело кој вториот дел од натпреварувачката 2022/2023 го мина на позајмица во Баерн Минхен, клуб кој потоа реши да не го откупи неговиот договор.

Португалецот претходно имаше одредени недоразбирања со Пеп Гвардиола и поради тоа е знак прашалник кој е реално тој да продолжи во Сити, ситуација која сакаат да ја искористат дел од екипите меѓу кои и Арсенал.

Ама англискиот вицешампион според вестите е блиску до Јуриен Тимбер од Ајакс кој може да игра како десен бек и стопер, па во ваква ситуација прашање е колку Кансело би бил потребен освен ако Арсенал не продаде дел од играчите од актуелниот кадар.

Клубот од северен Лондон пројавува интерес и за Ромео Лавиа што значи дека ќе биде интересно и жешко на „Итихад“ во наредниов период.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни