Поврзете се со нас

Свет

„Армејците“ газат во ВТБ лигата: ЦСКА на Рајковиќ го суреди и Зенит (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: cskabasket.ru

ЦСКА Москва на македонскиот кошаркарски стратег Емил Рајковиќ реди победи во ВТБ лигата, а најновата беше против еден од ривалите за највисок пласман Зенит кој беше совладан со 104:89.

На овој дуел мораа да се играат дополнителни минути за да се добие победникот, продолжение во кое популарните „армејци“ доминираа со 22:7.

Најдобар поединец беше Вер со 28 поени и 5 асистенции, кај поразените Фрејзер беше автор на 21 поен.

Избраниците на Рајковиќ се доминатни во досегашниот дел од сезоната, поточно ја заземаат првата позиција на табелата со учинок 15-1. Во наредното коло ЦСКА е домаќин на Саратов на 16 декември.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни