Поврзете се со нас

НБА

Антиќ доби извонреден пречек во Атланта и порача: Ги учам младите да ја засакаат кошарката, а не да одат веднаш по парите (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ATLHawks

Перо Антиќ беше специјален гостин во Атланта и во живо го следеше мечот против Мајами во „Стејт фарм арената“, а поранешниот член на „јастребите“ беше сведок на голема драма со две продолженија.

На крајот Мајами победи со 111:117 и се радуваше на триумф во Џорџија, но и покрај завршниот пораз, Антиќ сигурно по добро ќе го памети враќањето на местото каде мина незаборавни моменти во НБА лигата.

Антиќ беше пречекан како што доликува и одработи и интервју за официјалниот канал на Атланта, а при обраќањето, првиот човек на македонската кошарка откри и какви совети им дели на младите таленти од нашата земја.

– Претседател усм во Македонија, се обидуваме да ја оживееме кошарката, да им помогнеме при развојот на младите кошаркари. Ги терам младите играчи да ја сакаат кошарката, а не да тргнат веднаш по парите и такви слични работи.

– Ги учам да ја сакаат кошарката, да сакаат да играат за нашата земја и полека да дојдат до големиот договор кој го посакуваат, – изјави Антиќ, кој во салата пристигна во друштво на својот добар пријател од Фенербахче, Богдан Богдановиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни