Поврзете се со нас

НБА

Анонимус ја „оддува“ конкуренцијата во натпреварот во забивање, Лилард најдобар тројкаш (ВИДЕО)

Објавено

на

Натпреварот во забивање беше во фокусот на вниманието на втората вечер на Ол-стар викендот кој се одржува во Солт Лејк Сити, натпревар на кој со моќни атракции му припадна на анонимниот Мек Мекланг.

Мекланг има одиграно само четири натпревари во НБА лигата и технички сега не е дел од истата затоа што настапува за филијалата на Филаделфија Севентисиксерс во Џи лигата, но тоа може да се промени во ова негово шоу. Мек едностано ја оддува конкуренција во оваа битка со моќни забивања, во финалето беше подобар од Треј Марфи Трети, додека претходно испаднаа Кенион Мартин Џуниор и Џерико Симс.

Кога е во прашање пак шутирањето тројки, тука најмногу се истакна асот на Портланд Трејл Блејзер, Демиен Лилард кој во финалето беше попрецизен од двоецот од Индијана, Бади Хилд и Тајрис Халибартон.

Тимот на Јута Џез предводен од Џордан Кларксон, Колин Секстон и Вокер Кеслер пак славеше во битката за најдобри вештини во која во конкуренција беа Тимот Адетокумбо и Тимот Рукис (дебитанти).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни