Поврзете се со нас

Светски првенства

Ангеловски откри каква порака добил од Лев пред мечот и нагласи: Овој тим има една цел на ЕП!

Објавено

на

Македонската фудаблска репрезентација направи нов историски подвиг вечерва во Дуизбург, откако успеа да го кутне на колена четирикратниот светски шампион со фантастична игра и максимална пожртвуваност од сите кои се појавија на теренот.

Моќната Германија претрпе вистински шок на домашен терен и за тоа цела заслуга оди кај селекторот Игор Ангеловски и неговите фудбалски херои, за кои тој по огромната победа од 1:2 нагласи дека ќе бидат и негов конечен избор за Европското првенство кое следи ова лето.

– Овие момци уште еднаш ја направија горда цела Македонија. Победивме против четирикратен светски шампион, имаа 20-годишна традиција без пораз во квалификации. Кој ќе ја урне таа традиција ако не овие наши спортски херои. Нашите фудбалери ја кренаа нацијата на нозе, Македонијо, радувај се и слави ги овие херои, – порача Ангеловски на пресот и додаде.

– Капитенот Горан Пандев најави дека во фудбалот е можно чудо, оној кој верува во тоа, на крајот може и да го оствари на теренот. Ги поздравувам и луѓето што не критикуваа, не опструираа, еве им и на нив победа, нека се радуваат и они. Нема менување на овој тим, ова се моите херои, со нив одам на Европското првенство. Сега уште посериозно ќе не гледаат сите, но јас кажав која е целта. Целта е да ја поминеме групата на Европското првенство, овие момци можат да го направат тоа.

– Сега да одмориме, да се спуштиме на земја, победивме против фаворитот број еден и Македонија се вклучува во борбата за Светско првенство. Овој успех е еднаков како оној за пласманот на ЕП. За мене е добро кога гледам како не гледаат другите. Кога не цени една Англија, кога еден Лев ми честита пред натпреварот за сето она што го направивме во овие пет години, тогаш сфаќате дека правите нешто добро. Ова е за нашиот народ, – нагласи Мрме.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни