Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ангеловски: Можеме да бидеме задоволни, но никако среќни

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

Екипата на Еурофарм Пелистер одигра две сосема различни полувремиња во дуелот со Кјелце, па на крајот мораше да се задоволи само со еден пристоен пораз од 24-21 (14-8).

Актуелниот првак покажа што знае и може во вторите 30 минути и токму тој период треба да биде пример како треба да се игра низ целиот меч ако се сака да се забележи позитивен резултат во Лигата на шампионите.

-Прво сакам да им се заблагодарам на сите во нашиот клуб и на досегашните тренери Звонко и Ацо кои оставија длабок траг во оваа наша игра. Не беше лесно да се игра против европски вицешампион, мислам дека тој респект што го имавме на почетокот, респект кој е заслужен, даде еден негативен резултат за нас. По тие 2-9 гледав барем да останеме на таа негатива, -истакна привремениот тренер на пелистерци, Бранислав Ангеловски.

-Во второто полувреме имаме фуриозен старт. Одбрани на Лесјак кој правеше чуда на голот и ние тоа знаевме да го искористиме. Новитет во нашата игра беше нападот „7 на 6“ кој го работевме утрово на тренинг, а тоа вроди со плод. Очекував да дојдеме до еден позитивен резултат, барем нерешено. Морам да им се заблагодарам на играчите за вербата што ја имаат во себе кои знаат дека поседуваат квалитет, но за нешто повеќе ни е потребна многу многу работа. Се надевам во иднина со работа ќе се постигнат подобри резултати.

-За крај сакам да им се заблагодарам на навивачите, публиката која прави хаос на трибините кој ние го чувствуваме доле во позитива, а противничката екипа се губи во овој наш пекол, вулкан. Пелистер мора да биде подобар на следните натпревари. Во соблекувалната на ракометарите им реков дека можеме да бидеме задоволни, но никако среќни, бидејќи забележавме пораз. Ни треба време. Се надевам во иднина ќе бидеме многу подобри, -додаде Ангеловски.

Наредната средба за Пелистер во елитното натпреварување е против Пик Сегед во Унгарија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни