Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анчелоти за чудната тактичка одлука во шокантиот пораз од Шериф: Не загубивме поради тоа

Објавено

на

Шериф Тираспол направи историја на „Сантијаго Бернабеу“ и успеа да го победи Реал Мадрид во Лигата на шампионите, откако соиграчите на нашиот Бобан Николов се изборија за неверојатен резултат на гостувањето во шпанската престолнина.

Шериф е шокантен лидер на табелата во групата Д со шест освоени бода по два одиграни меча, но и покрај тоа што Карло Анчелоти предупредуваше дека ниту еден противник не смее да се потцени во најелитното натпреварување, дефинитивно никој не очекуваше вакво сценарио во Мадрид.

Тил постигна спектакуларен гол во 90-та минута и на најдобар можен начин ги награди своите дефанзивци кои завршија извонредна работа, погодок со кој беа поставени конечните 1:2.

И покрај болниот пораз, Анчелоти беше задоволен од залагањето на неговите фудбалери, но даваше и објаснување за своите чудни четири измени веднаш откако Реал израмни на 1:1. Дон Карло направи хокеарска измена и во игра влегоа Крос, Јовиќ, Модриќ и Родриго, но најчудна беше тактичката замисла бидејќи Камавинга го доигра мечот како лев бек.

– Верувам дека Камавинга има играно на левата бековска позиција, од другата страна го имавме Валверде кој извонредно влечеше по десната страна. Натпреварот го контролиравме и не го загубивме поради тоа што Камавинга го доигра мечот како лев бек. Загубивме зошто имавме лоша среќа, лошо избранивме еден аут и постигнаа извонреден гол. Цел меч се бранеа на одличен начин и ги затворија приодите кон нивниот гол, а нас ни недостасуваше свежина во завршниот пас, – порача Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни