Поврзете се со нас

Лига Европа

Анчелоти со прогноза за финалето на ЛЕ: Севилја е добро организирана, но Рома…

Објавено

на

Утре се игра првото финале во европските купови и тоа во Лига Европа каде силите ќе ги одмерат Рома и Севилја.

Средбата се игра во Будимпешта и истата е од огромно значање за двете екипи затоа што победникот ќе обезбеди пласман во Лигата на шампионите за наредната кампања. Италијанскиот стратег Карло Анчелоти планира да го следи овој меч, па даде прогноза за тоа кој ќе го освои трофејот.

-По тежок момент, Севилја беше добра во изминативе два месеци. Севилја е добро организирана со новиот тренер, ама Рома има шанси затоа што имаа тренер кој е експерт за финалиња. Се надевам ќе победат.

-Одржувањето на минатото е голема сила за еден клуб. Реал тоа го прави и ако Рома тоа го направи тие ќе бидат подобар клуб во иднина и ќе можат повторно да победуваат, -порача дон Карло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни