Поврзете се со нас

Македонија

Алкалоид убедлив на стартот на новата сезона во Суперлигата

Објавено

на

Ракометарите на Алкалоид со сигурна и моќна партија ја отворија новата сезона во најсилната домашна конкуренција-Супер лигата.

Актуелниот вицешампион го надигра составот на РК Скопје 2020 со 40:21. Разликата во квалитет е голема и тоа се виде уште по првиот дел во кој избраниците на Кирил Лазаров се стекнаа со двоцифрена предност од 23-11.

Второто полувреме беше чиста рутина, завршување на веќе започнатата работа на фаворитот на оваа средба. Најефикасен играч кај победникот беше новото засилување Бинго со шест гола, додека по пет дадоа Младеновиќ, Серафимов, Кофиловски и Петковски.

На спротивната страна се истакна Киселовски со шест реализации.

Во наредното коло Алкалоид му гостува на Охрид, додека Скопје има соочување со вториот тим на Еурофарм Пелистер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни