Италија
Алегри импресиониран од дефанзивната реакција на Ругани: Ме потсети на Барѕалји (Видео)

Јувентус рано постигна гол во дербито против Фиорентина и после се предодреди на цврста и претпазлива игра во дефанзива, избор кој на крајот донесе резултат и покрај силната иницијатива која ја имаа домаќините.
„Виолетовите“ имаа јалова теренска иницијатива и не успеаја посериозно да го тестираа Шчесни во вториот дел, а според Макс Алегри, интервенцијата на мечот ја имал Ругани кога спречи гол со одличната дефанзивна реакција пред Иконе при резултат 0:1.
– Натпреварите понекогаш мора да се добијат такашто ќе страдате на теренот. Костиќ овојпат мораше да игра подлабоко во одбраната, бидејќи Фиорентина играше многу добро со нафрлувања од двете страни.
– Мора да им оддадеме признание за тоа што го понудија, но ние се браневме неверојатно добро во нашиот шеснаесетник и мислам дека само еднаш ризикувавме да примиме гол.
– Се сеќавам на реакцијата на Ругани по центаршут од левата страна, тоа беше клучен момент. Ме потсети на Барѕалји со својата интервенција, се сеќавам дека Барѕалји имаше таква интервенција на натпревар против Џенова, му ја симна топката од главата на играчот кој беше зад него, – изјави Алегри.
Questo intervento di #Rugani è qualcosa di molto bello 😍
Te lo meriti Daniele!#Juventus #FiorentinaJuve #FiorentinaJuventus pic.twitter.com/8koBSZjSRs— Paolo Condogbia (@PaoloCondogbia) November 5, 2023
-
Англијапред 16 часа
Храбриот Лутон падна во 97. минута, Рајс е херојот на Арсенал (ВИДЕО)
-
Италијапред 24 часа
Де Лаурентис по гала вечерта во Италија: Децата во Неапол научија важна работа
-
Италијапред 18 часа
Тасоти посочи што треба да биде приоритет за Милан во зимскиот преоден рок: Тоа е од суштинско значeње
-
Балканпред 18 часа
Канаваро пред тренерски ангажман во Турција
-
Светпред 20 часа
Роналдињо: Мбапе може да ја освои „Златната топка“…
-
Светпред 16 часа
Белингем: Сонувам, секој ден се плашам дека некој ќе ме разбуди
-
Шпанијапред 19 часа
Проблеми за Барселона: Тер Штеген оди на операција, Пења ќе го менува!
-
Европски куповипред 19 часа
Ла Риоха падна во Скопје: Алкалоид со прва историска победа го заокружи настапот во Европската лига