Поврзете се со нас

Италија

Алегри го искритикува Влаховиќ по ѕвезденото деби за Јувентус и му посочи што треба да поправи

Објавено

на

Италијанската спортска јавност, а особено онаа во Торино е воодушевена од ѕвезденото деби кое го имаше Душан Влаховиќ во дресот на Јувентус, но и покрај шмекерскиот лоб погодок и победата остварена од 2:0, Масимилијано Алегри реши да го спушти Србинот на земја, укажувајќи му неколку аспекти во кои мора да се подобри.

Алегри имаше пофални зборови за Пауло Дибала и Алваро Мората кои беа асистенти при головите на јануарските засилувањата Влаховиќ и Закарија, но нагласи дека најскапиот фудбалер во тимот мора да остане цврсто на земја и брзо да ги подобри работите кои тој ги воочил како недоволно добри.

– Влаховиќ имаше неколку многу лоши први допири со топката на почетокот на мечот, нешто што мора да го подобри за да има почисти ситуации и да си осигура подобро движење со топката.

– Тој ужива да влегува во борба со противниците, но тој има само 22 години и се уште не е доволно искусен за постојано да го прави тоа. Мора да го подобри начинот на кој се ослободува од дефанзивците, но и да ја подобри својата десна нога, – порача Макс по победата над Верона.

– Секогаш би сакал да играм со напаѓачкото трио Влаховиќ, Дибала и Мората, но за да биде така, мора да покажат пожртвуваност. Овојпат беа многу добри во двата правци, во напад и во одбрана. Дибала се жртвуваше, му асистираше на Влаховиќ, а Мората го направи истото за Закарија, – додаде Алегри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни