Поврзете се со нас

Германија

Акција: Баерн се пофали со најголемиот трансфер во историјата (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен речиси два месеци преговараше за Хари Кејн, па после многу перипетии и неочекувани заплети, конечно успеа да се договори со Тотенхем и да режира рекорден трансфер.

Баварскиот великан ја надмина трансфер сумата која ја плати за Лукас Ернандес пред неколку години, па така од денеска Хари Кејн и официјално е најскап трансфер во историјата на Баерн Минхен.

Германскиот првак ќе исплати фиксни 100 милиони евра на Тотенхем и трансферот може да биде зголемен за уште 20 милиони евра во вид на бонуси, но сепак желбата да се донесе класична „9-ка“ ги натера баварците воопшто да не штедат и сепак да го одврзат ќесето.

Баерн не донесе вистинска замена за Роберт Левандовски пред една година, но сега со Кејн треба да добие гаранција за гол, со оглед на наследството кое го остави Хари во Премиер лигата.

Во официјалната вест, Баерн информираше дека Хари потпишал четиригодишен договор со клубот и со истиот се поставуваат нови граници во историјата на европскиот великан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни