Поврзете се со нас

Светски првенства

Агуеро за навредата кон младата ѕвезда на Реал: Немав лоша намера (Фото)

Објавено

на

Серхио Агуеро беше составен ден од шампионската прослава на Аргентинците на теренот по големото финале на Светското првенство, односно беше во еуфорија како да е дел од тимот предводен од Лионел Скалони.

Пензионираниот напаѓач се погрижи за шоу на „Лусаил“ стадионот и му беше дозволено да ја крене „Златната Божица“, но потоа од подтрибинскиот простор имаше видео вклучување во живо со кое ги налути Французите, но и навивачите на Реал.

Агуеро реши да прави рима со презимето на Камавинга и го навреди младиот играч за врска, поради што денеска мораше да се објаснува на социјалните мрежи.

– Нека се подготви Камавинга, Кара де Пинга (свинска глава), – порача Кун на видео обраќањето.

– Немам ништо против него. Малиот е навистина многу добар. Тоа беше само шега како оние кои ги правам за време на моите стримови. Немав никаква лоша намера. Испраќам мир и љубов, – порача Агуеро во појаснувањето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни