Поврзете се со нас

Светски првенства

Агуеро влета со тапан на теренот и ја подигна „Златната Божица“ (Видео)

Објавено

на

Кун Агуеро беше почесен член од аргентинската фудбалска селекција на ова Светско првенство во Катар и беше навивач плус за своите сонародници од ВИП ложата, а според многумина, оваа освоена титула треба да му се брои и на легендарниот напаѓач кој кариерата ја заврши поради срцеви проблеми.

Агуеро дефинитивно ќе беше на теренот ако не ја завршеше својата кариера, но ако се суди според неговата реакција, тој се однесуваше на теренот како навистина да е дел од овој аргентински тим.

Пензионираниот голгетер влета на теренот по добиениот пенал рулет од страна на Аргентинците во финалето со Франција и еуфорично славеше со своите добри пријатели, а ведно беше еден од првите кои му честиташе на расплаканиот Меси.

Во продолжение, се погрижи за вистинско шоу на теренот, бидејќи зема и тапан во своите раце и се обидуваше дополнително да ја подгрее атмосферата меѓу фудбалерите.

За возврат, на крајот му беше подарена и „Златата Божица“, па така доби шанса да го подигне трофејот од Светското првенство кој првично го подигна Меси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни