Поврзете се со нас

Свет

Агуеро: Меси беше пред Роналдо и пред светската титула, Мбапе е…

Објавено

на

Лионел Меси и Кристијано Роналдо имаа сосема различни улоги, успеси на Светското првенство кое пред неколку дена заврши во Катар со триумф на Аргентина.

Меси ги инспирираше „гаучосите“ да дојдат до првиот трофеј на оваа сцена по пауза од 36 години, додека Кристијано имаше проблеми да се наметне и во својата селекција, поточно во нокаут фазата беше и резервист каде Португалија доживеа елиминација во четвртфиналето.

Со ова Аргентинецот доби уште една битка, ас во ракавот во споредбите со Роналдо, но според Серхио Агуеро и без мундијалската круна неговиот сонародник бил подобар, чекор понапред во однос на некогашниот напаѓач на Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Јувентус и Спортинг.

-Мислам дека нема сомнеж. За мене немаше дилеми пред Светското првенство, а сега уште помалку. Кристијано имаше извонредна кариера и е многу комплетен спортист. Но Лео очигледно беше и се уште е најдобар, -вели Агуеро кој потоа говореше и за Килијан Мбапе.

-Што да се каже за Килијан? Тој постигна три гола во финале на Светското првенство и го реализираше пеналот во решавачки момент. И тој имаше одлично Светско првенство. Ама денеска Лео го има жезолот (скиптар). Мбапе има само 23 години и веќе е светски шампион и вицешампион. Сигурно ќе оди на повеќе бидејќи е многу талентиран и многу конкурентен играч, -порача Кун.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни