Поврзете се со нас

Светски првенства

Агентот на Карим со видео докази го нападна Дешамп, Бензема го поддржа со „отровна стрела“ (Фото)

Објавено

на

Foto:instagram.com/karimbenzema

Карим Бензема предвреме го напушти Катар и си замина во Мадрид уште пред почетокот на мундијалот, па иако во тој момент беше пренесено дека сето тоа е последица на посериозна мускулна повреда, на крајот излезе дека медицинскиот извештај не бил целосно точен.

Ова сега го потенцира и агентот на Бензема кој реши да го впери прстот кон Дидие Дешамп, кој за разлика од другите, реши да излезе во јавноста со видео доказ од направената магнетна резонанца на напаѓачот.

Агентот Карим Дијажири се консултирал со три специјалисти за снимката на Бензема и сите тројца порачале дека напаѓачот ќе можел да заигра од осминафиналето, со што јасно алудира на тоа дека Дешамп намерно го саботирал неговиот клиент.

– Ова го објавувам тука, но претходно се консултирав со тројца специјалисти и тројцата ми потврдија дека Бензема ќе можел да се врати за осминафиналето. Зошто побара да си оди толку брзо?, – гласи објавата на агентот посветена на Дешамп, а со „отровна стрела“ се јави и Карим.

– Кога еднаш ќе погледнете, добро знаете што се случило!, – порача кратко Бензема.

Инаку, по оваа контроверзна епизода на Светското првенство, Бензема го дочека крајот на турнирот и соопшти дека се повлекува од репрезентацијата на Франција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни