Поврзете се со нас

Балкан

Адеми повторно ќе игра за Динамо Загреб: Не очекував да се вратам толку брзо, но…

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми и официјално се врати во редовите на најдобриот хрватски клуб Динамо Загреб.

По само неколку месеци минати во Кина, големиот борец бараше промена и на крај се создадоа услови тој одново да слета на „Максимир“, тим за кој претходно настапуваше повеќе од една деценија.

-Враќањето во Динамо, од моја перспектива, никогаш не беше под знак прашање. Не очекував дека тоа ќе се случи толку брзо, но работите тргнаа на тој начин. Цело време го следев секој натпревар од Кина,, секоја вест поврзана со мојот сакан клуб, па затоа сум пресреќен поради овој епилог.

-Во целиот процес, секако, голема улога одиграа клупската администрација и спортскиот сектор, бидејќи преку контактот со нив почувствував колку сакаат да ме вратат и колку им е важно во овој преоден рок. Заслуга има и соблекувалната на Динамо со кого бев во контакт цело време, како и тренерот Јакировиќ кој инсистираше на моето доаѓање и лично беше силно вклучен во целиот процес. Можам само да кажам дека сум исклучително среќен што се враќам во мојот клуб, на мојот омилен стадион и им ветувам на навивачите дека ќе продолжам таму каде што застанав пред неколку месеци – дека ќе дадам се од себе, ќе гинам за овој клуб и ќе се погрижам се да подобриме се нови победи, -порача Аки за официјалниот сајт на клубот.

Аријан нема да може игра за Динамо во групната фаза на Конференциската лига, но ќе биде активен во лигата и Купот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни