Поврзете се со нас

Италија

Засилувањето на Јувентус се повреди уште пред да дебитира

Објавено

на

Ремито со Удинезе сигурно го загрижува тренерот Масимилијано Алегри, а од денеска има грижа повеќе, знаејќи дека одреден период нема да може да смета на едно од малкуте засилувања ова лето.

Бразилецот Кајо Жорге дојде од Сантош во Јувентус, вчера се загреваше во Удине, но не доби шанса да настапи, а заработил повреда на мускул на денешниот тренинг на својата екипа.

Јувентус потврди дека Кајо веднаш бил испратен на детални прегледи и била констатирана повреда, по што за десетина дена ќе биде проверена неговата ситуација.

Тоа значи дека и онака недоволно адаптираниот бразилски фудбалер нема да може да им помогне на соиграчите нe само на следниот дуел со Емполи, туку околу еден месец.

„Бјанконерите“ го задржаа Алваро Мората како класичен напаѓач, додека Кајо Жорге беше доведен како уште една алтернатива во офанзивниот дел на екипата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни