Поврзете се со нас

Репрезентација

Втор пораз во квалификациите за ЕП: Кошаркарките немоќни против Србија

Објавено

на

Женската сениорска репрезентација на Македонија го доживеа вториот пораз во квалификациите за Евробаскетот во 2025 година.

Нашите девојки загубија од селекцијата на Србија со 103:60. Србинките се главен фаворит во групата, репрезентација која е многу моќна и без проблеми го освои СРЦ Кале и тоа во дуел во кој ги надигра избрничките на Ашаданов во сите четвртини.

Капитенот Митрашиновиќ со 23 поени беше најдобар наш поединец, двоцифрени беа уште Хемпе и Селцова кои искомбинираа 25 кошеви.

Дугалиќ пак со 17 поени ја предводеше листата на стрелци кај победникот.

Наредните две средби македонската селекција ги игра на домашен терен со Украина и Португалија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни