Поврзете се со нас

Англија

Враќање во САД: Манчестер Јунајтед потврди летна американска турнеја

Објавено

на

Манчестер Јунајтед уште отсега потврди дека во летниот период ќе патува во САД, каде ќе одигра натпревари значајни не само од фудбалски, туку и од комерцијален карактер.

Специфичното патување на американска територија носи сериозен приход за европските великани, па Јунајтед по неколку години, токму во САД ќе одигра неколку средби како дел од подготовките за новата сезона.

Засега не се објавени градовите и противниците, но тоа е следната фаза која клубот ќе им ја претстави на фановите и медиумите.

– Манчестер Јунајтед и Премиер лигата имаат се поголема популарност во Северна Америка, па затоа сакаме да ја наградиме таа конекција и ова лето.

– Тоа ќе биде нашата прва посета на САД последните пет години и со нетрпение очекуваме да ја реализираме, вели Џон Мартоу, спортски директор на Манчестер Јунајтед.

Јунајтед последен пат беше во САД во 2018 година, кога под водство на Жозе Мурињо одигра пет натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни