Поврзете се со нас

Македонија

Воска Спорт го договори и офанзивецот Георгиев

Објавено

на

foto: F.C Voska Sport

Македонскиот прволигаш, Воска Спорт продолжува да ангажира нови засилувања во пресрет на натпреварувачката 2023/2024, па така нов член на клубот е Бобан Георгиев.

Георгиев е поранешен младински репрезентативец на Македонија кој последниот ангажман го имаше во Леотар од Босна и Херцеговина. Офанзивецот може да се пофали и со ангажани во Борац Бања Лука и Радник, а на домашната сцена беше дел од Брегалница, Силекс и Металург.

Во досегашниот преоден рок тимот од Охрид ги обезбеди уште потписите на Агон Хани, Вилдан Керим, Фатих Исмаили, Никола Стијеповиќ, Алекса Марушиќ, Николче Шаркоски, Бурхан Мустафа и Бесир Исени, а доведен беше и тренерот Миљан Радовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни