Поврзете се со нас

Боречки спортови

Вистински циркус: Борбата на Мејведер против внукот на познат мафијаш донесе масовна тепачка во рингот (Видео)

Објавено

на

Флојд Мејведер важи за еден од најдобрите боксери на сите времиња поради тоа што ја заврши кариерата без претрпен пораз, но по крајот на професионалното патување, легендарниот Американец се наоѓа во фокусот со организирање на егзибициски борби.

Најпопуларна беше битката која ја водеше со Конор МекГрегор во боксерскиот ринг, но ако на тој настан имаше џентлменско однесување, рано утрово се случи вистински циркус во Флорида.

Мејведер беше предизвикан од Џон Готи 3-ти и имаше се на своја страна да оствари победа, меѓутоа наместо прогласување на победникот, присутните гледачи присуствуваа на хаос.

Џон Готи 3-ти е внук на озлогласениот американски мафијаш Џон Готи и еден од наследниците на гангстерската империја, а во ситуација кога не можеше да се помири со поразот, реши да го нокаутира Мејведер надвор од правилата на боксот.

Наследникот на Готи го нападна Мејведер откако судијата означи крај на борбата, по што следеше вистински хаос и вклучување во тепачката на двата тима, борба која се префрли и меѓу публиката.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни