Поврзете се со нас

АТП

Виландер ги налути фановите на Ѓоковиќ: Алкарас може да стане втор најважен играч во историјата

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/BNPPARIBASOPEN

Матс Виландер последниот период очекувано не штедеше комплименти за Новак Ѓоковиќ и неговите рекорди, но со последната изјава повторно ги налути фановите на српскиот тенисер.

Шведската легенда зборувала за Карлос Алкарас, за иднината на Шпанецот, но и можноста да стане втор најважен играч во историјата. Според Виландер, број еден во оваа категорија е Рожер Федерер.

– Алкарас може да стане втор најважен играч во историјата.

– Според мене, Федерер е број еден и најважен играч. Мислам дека Алкарас не може да го собори рекордот на Ѓоковиќ за најмногу недели на врвот на АТП ранкингот, но сега темата не се резултатите и рекордите.

– Рожер го сметам за најважен во однос на значењето за еден тенисер за спортот и впечатокот кој еден тенисер го оставил кај фановите.

– Карлос сега минува низ она што му се случуваше на Рожер на таа возраст. Луѓето од него очекуваат повеќе од обични победи, тој е забавен и кога губи, бидејќи ако некој го победил, значи навистина играл подобро од него. Фактот што Федерер успеа толку долго да остане на врвот, а неговите ривали да не се плашат од него е уште една причина што сметам дека е најважен играч во историјата, – рекол Виландер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни