Поврзете се со нас

Свет

Великанот понижен во Ротердам: Феенорд го уништи Ајакс и му го нанесе најтешкиот пораз во историјата (ВИДЕО)

Објавено

на

Ајакс има навистина тешка сезона, но некои резултати се навистина неверојатни за овој клуб и покрај сите проблеми, турбуленции со кои се соочува.

Имено Ајакс во првиот дел од оваа кампања загуби од Феенорд со 4-0 во Амстердам, додека пак попладнево доживеа уште еден потоп од лутиот ривал, потоп од 6-0 во Ротердам.

Домаќините дадоа по три гола во двете полувремиња што беше доволно да му го нанесат најголемиот, најтешкиот пораз на Ајакс во неговата историја.

Колкава беше разликата на дуелот говори статистиката, домаќините упатија 30 удари, а гостите само еден во текот на 90+ минути.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни