Поврзете се со нас

Лига на шампиони

ВАР лудило во Дортмунд: Борусија даде гол, му го поништија, па Халанд шутираше два пенали (ВИДЕО)

Објавено

на

ВАР технологијата досега во повеќе наврати ни има докажано дека може да направи вистински хаос на натпреварите, а така беше на вечерашната средба меѓу Борусија Дортмунд и Севилја во Лигата на шампионите.

Домаќините на почетокот на вториот дел успеаа преку Халанд да дадат гол за 2-0, но истиот беше поништен, меѓутоа судијата Чакир досуди пенал за домаќините за прекршок кој претходно се случил над Норвежанецот од Кунде.

Младиот напаѓач ја презема одговорноста, меѓутоа Боно ја прочита неговата намера и откако го одбрани ударот се разви акција на спротивната страна. Ама за кратко време имавме нова реакција од ВАР, Боно не бил на соодветното место при пеналот, па истиот беше изведен одново од Халанд кој со доста мака погоди за 2-0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни