Поврзете се со нас

Шпанија

Ван Бастен и Де Бур ја подбраа ѕвездата на Барселона: Лудо е што…

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona_cat

Барселона доживеа пораз во дербито со Реал Мадрид и со тоа на катастрофален начин ја заокружи минатата седмица со оглед на тоа што во текот на истата доживеа и елиминација од Лигата на шампионите.

Каталонците во дуелите со Реал и ПСЖ прими дури седум голови, а најголемиот дел од нив ако не и сите беа по индивидуални грешки на играчите, губење на фокус, концетрација кога е најпотребно. Во прв план дефинитивно беше Жоао Кансело кој беше очаен против „светците“, а исто не се прослави и вчера каде имаше катастрофални реакции при првите два гола на „кралевите“.

Токму поради ова добива критики не само од фановите туку и од поранешни фудбалери како што се Марко Ван Бастен и Роналд Де Бур.

-Лудо е што Кансело ги повторува истите грешки на 29 години, -истакна Ван Бастен.

-Сега знам зошто Гвардиола не го сака Кансело. Дечкото си игра свој фудбал и размислува само што да направи со топката. По ѓаволите, па ти се дефанзивец, порача Роналд кој своевремено настапуваше за каталонците.

Португалецот е позајмен играч од Сити и останува да се види дали ќе биде откупен неговиот договор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни