Поврзете се со нас

Македонија

Уште еден играч си замина од Вардар: Ристески потпиша за Силекс

Објавено

на

Екипата на Вардар загуби уште еден важен играч, дефанзивецот Никола Ристески кој се одлучи да ја прифати понудата од прволигашот Силекс.

Ристески не сакаше повеќе да чека на најавената инвестиција во „црвено-црните“ и се реши да замине во Кратово. Никола може да покрие повеќе позиции во одбраната и дефинитивно ќе биде одлична опција за тренерот Горазд Михајлов.

Претходно Силекс ги договори Халил Мухаремовиќ, Марко Ѓорѓиевски и Хамза Рамани.

Поранешниот македонски шампион го заврши првиот дел од сезоната на 5 место, а обезбеди место и во полуфиналето на Купот на Македонија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни