Поврзете се со нас

Македонија

УО на РФМ одржа седница: Ќе се менува системот во Супер лигата, најавени се промени и во младинските лиги

Објавено

на

Управниот Одбор на Ракометната федерација на Македонија денеска одржа седница на која беа донесени неколку одлуки/заклучоци кои треба да донесат промени во спортот кој е број еден во нашата земја.

Усвоена е одлуката за усвојување на иницијативата поднесена од страна на ракометните
клубови за промена на системот на натпревари во машката Супер лига од наредната кампања. Воедно е најавена комисија која треба да изнајде модел со кој би имале повеќе натпревари во младинскиот ракомет, а нешто слично е и кога е во прашање Женската сениорска лига.

Соопштението на РФМ го пренесуваме во целост:

Почитувани,

Согласно насоките и мерките за заштита и превенција од вирусот CoVid-19,
Ве информираме дека денеска на ден 17.04.2022 (четврток) со почеток во 11.00 часот беше
организирана седница на Управниот одбор на РФМ без физичко присуство, односно седницата
на Управниот Одбор на РФМ се одржа преку zoom платформата online .
На одржаната седница на Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија меѓу
останатите беа донесени и следните одлуки/заклучоци:

1. Формирање на Комисија за разгледување на предлози за промени во систем на
натпреварување во младински лиги за сезона 2022/2023 година во состав на: Славе
Николов (Комесар за натпреварување), Левче Китевски (Директор на Машки и женски
репрезентации) и Александар Стефанов (Член на Управен Одбор на РФМ), со цел
заеднички со клубовите учесници се изнајде модел на систем на натпревари, со кој би се
зголемил бројот на натпревари во конкретна календарска сезона во интерес на развојот
на македонскиот младински ракомет;

2. Формирање на Комисија за разгледување на предлози од учесниците за систем на
натпреварување на Женската сениорска лига за сезона 2022/2023 година во состав на:
Славе Николов (Комесар за натпреварување), Мирјета Бајрамоска (Член на Управен Одбор
на РФМ) и Гордана Нацева (Член на Управен Одбор на РФМ) во насока на зголемување на
бројот на квалитетни натпревари;

3. Се задолжи Комесарот за спроведување на натпревари –Славе Николов да формира
Комисија за спортски сали заеднички со претставници на ракометните клубови, во насока
на дефинирање односно создавање подобри услови и стандарди за организирање на
ракометните натпревари ;

4. Се донесе Одлука за усвојување на иницијативата поднесена од страна на ракометните
клубови, за промена на националниот систем на натпревари за сезона 2022/2023 година
во Супер Лига – мажи;

5. Се донесе генерален заклучок за мобилизација на сите расположливи ресурси за
организација и промоција на престојното EHF Европско првенство во сениорска женска
конкуренција кое во период од 04ти до 20ти Ноември 2022 година каде организатори се
националните федерации на SLO/MKD/MNE, како и за идните активностите на
националните селекции сениорски и младински во машка и женска конкуренција.

6. Роковите за наведените активности на Комисиите се до 15.04.2022 година, кои ќе бидат
презентирани на Управниот Одбор на РФМ во месец Мај 2022 година а Годишното
Собрание на РФМ се предвиде да биде одржано во месец Јуни 2022 година.

Со почит,
Ракометна Федерација на Македонија

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни