Поврзете се со нас

Англија

Тухел одбил две премиерлигашки екипи и има посебна цел во Англија

Објавено

на

Томас Тухел доби отказ по доаѓањето на новите сопственици во Челси, а во моментов очигледно не брза со изборот за следниот клуб кој би го предводел.

Англиските медиуми објавија дека германскиот менаџер изминатиот период добил понуда од два премиерлигашки клуба, но и двете ги одбил без многу размислување.

Иако не се објавени конкретните имиња на клубовите, се претпоставува дека едниот од е нив е Вулверхемптон, но „волците“ очигледно не биле сериозен предизвик за Тухел.

„Телеграф“ тврди дека на Германецот му се допаѓа животот во Лондон и негов приоритет е местото на Герет Саутгејт, англискиот селектор чија позиција веќе не е толку сигурна поради последните послаби резултати.

Тухел е подготвен да чека да заврши Светското првенство во Катар и да се обиде да се наметне како прв избор за нов англиски селектор, со што би бил прв странски селектор на „трите лава“ по Фабио Капело.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни