Поврзете се со нас

НБА

Тренерот на Денвер за одличното издание на Јокиќ во тежок момент: Затоа е најдобар во светот

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

Никола Јокиќ беше посебно погоден од веста за ненадејната смрт на својот сонародник Дејан Милојевиќ, кошаркарски стручњак кој беше негов ментор, тренер, но и голем пријател.

Смртта на членот на стручниот штаб на Голден Стејт ја потресе кошаркарската јавност, а Јокиќ излезе на теренот кај актуелниот лидер Бостон со желба да одигра уште еден фантастичен натпревар во чест на Милојевиќ.

Тренерот на Денвер, Мајк Мелоун по средбата зборувал емотивно на оваа тема.

– Не можам да бидам погорд на Никола поради начинот на кој го одигра натпреварот по трагичната смрт на Деки.

– Затоа сум горд на него, излезе на теренот и одигра во чест на Деки на нивото и начинот на кој може само тој да одигра. Не е лесно да го направиш тоа во ваков момент, но Јокиќ е специјална личност и беше задоволство да се гледа неговото издание знаејќи што се случуваше изминативе денови.

– Поради ова тој е број еден играч во светот, – изјавил Мелоун.

Шампионот славеше на гостувањето во Бостон, а Јокиќ постигна 34 поени и му недостасуваше асистенција за нов трипл-дабл учинок.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни