Поврзете се со нас

НБА

Тренерот кој го водеше тимот на Леброн на Ол Старот: Ова е најлош меч, мора да се промени нешто!

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

НБА Ол стар викендите губат на гледаност и возбуда со години наназад и се поретко го привлекуваат вниманието на искрените љубители на кошарката, нешто за што е свесен и човекот кој беше тренер на натпреварот на ѕвездите кој се одигра рано утрово.

Мечот во Солт Лејк Сити заврши со победа на тимот на Јанис над оној на Леброн со резултат 184:175, но убедливо најинтересната изјава дојде по крајот на натпреварот, и тоа од еден од тренерите.

Мајкл Малоун беше тренер на тимот на Леброн и остана разочаран од тоа што го видел на паркетот, по што побара од водечките луѓе на НБА лигата да променат нешто кога е Ол стар натпреварот во прашање.

– Чест е да се биде овде, чест е да се биде дел од викендот и да водите вакви играчи, но за мене, ова беше најлошиот кошаркарски меч кој се одиграл било кога.

– Дел од играчите приредија шоу за навивачите, но нема да лажам. Беше тешко да се издржи и да се догледа овој меч, нема да ве лажам. Не знам како, но нешто мора да се промени. Би ги издвоил Ембид и ирвинг кои се обидоа да направат нешто поразлично, тие покажаа борба и се обидоа да играат во одбрана, – изјавил Малоун кој инаку е тренер на Денвер Нагетс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни