Поврзете се со нас

Свет

Тимбер за соочувањето со Меси: Тој е страшен, може да „убие“…

Објавено

на

foto:www.thestatesman.com/

Лионел Меси е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, па иако веќе се ближи кон крајот на кариерата тој се уште може да изведе магија, го носи тимот, го води кон голем успех како што беше случајот со Аргентина која стана светски шампион на првенството во Катар.

Токму на овој шампионат еден против ривалите на „гаучосите“ беше селекцијата на Холандија за која настапуваше дефанзивецот Јуриен Тимбер. Тимбер имаше можност да има дуели со актуелниот член на ПСЖ, па своето искуство го сподели за „Ziggo Sport“.

-Соочувањето со Меси на СП? Тој е страшен. Добива лошо додавање, па се обидувате да го притиснете и му ја земете топката, веднаш да го ставите под притисок, ама е способен да „убие“ лош шас со еден допир. Во дел од секунда топката е под неговата нога во неговата целосна контрола. Неверојатно, -вели Тимбер кој е дел од Ајакас, ама прашање е само на време кога ќе се пресели во некој голем клуб од Топ 5 лигите во Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни