Поврзете се со нас

Македонија

Теренот на Гостивар плива во вода, средбата со Брегалница ќе се игра во Речица

Објавено

на

Екипата на Гостивар нема ја да пречека Брегалница на својот терен во утрешниот меч од 14. коло во Првата македонска лига.

Дождовите кои ја зафатија нашата земја направија проблеми, теренот нема услови за игра и повратникот во најсилната фудбалска конкуренција беше принуден да го промени местото на одигрување и ќе ја дочека Брегалница во Речица.

Средбата е закажана за 13 часот, термин во кој силите ќе одмерат и Брера Струмица-Струга, Шкендија-Тиквеш и Вардар-Воска, додека во недела ќе играат Македонија ЃП-Работнички и Силекс-Шкупи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни