Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг задоволен од изданието, но нема да избрзува со Касемиро: Играчите ги следеа правилата

Објавено

на

Манчестер Јунајтед првпат ја сочува совјата мрежа и Ерик Тен Хаг ја запиша втората победа во низа како менаџер во Премиер лигата, откако неговиот тим мораше добро да се потруди за да ја одбрани минималната предност на мечот со Саутемптон.

„Ѓаволите“ беа подобар ривал и заслужено дојдоа до предност со голот на Бруно, но во завршната третина од мечот се предодредија да го бранат водството и мораа да страдаат од долгите топки и центаршутевите на домашните фудбалери.

Тен Хаг е задоволен што неговиот тим играл организирано и ги следел правилата кои си ги поставиле пред мечот, а на пресот го коментираше и дебито на Касемиро кој одигра десетина минути на крајот.

– Видов добар тим на теренот, добра организација, видов играчи кои се борат еден за друг, ги следеа правилата кои ги поставивме пред мечот и имавме многу добри моменти кога го испочитувавме она што се договоривме. Дадовме гол во нашиот најдобар период во второто полувреме. Фудбалот е комплициран спорт, комплициран спорт со 11 играчи против 11 други, веќе видов добри моменти против Ливерпул, а продолживме добро и сега. Секако дека сакав подобро да ги контролираме завршните минути, имавме проблеми со нивните долги топки, но тука може да се очекува тоа, – изјави Тен Хаг.

– Добро е што го видовме Касемиро на теренот, добро е што тој ја почувствува Премиер лигата. Станува збор за различен стил на игра од тоа што е навикнат, но тој имаше одлична пресезона и е фит. Стои на располагање и сега полека ќе го интегрираме во тимот со новите соиграчи, – додаде Холанѓанецот кој најави дека полека ќе подготвува терен за да го вметне Бразилецот во стартната постава.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни