Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг со невообичаена констатација: Јунајтед е најзабавен тим во Премиер лигата

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед освои само бод против Барнли, екипа која се бори за опстанок во Премиер лигата, а ремито е уште едно во серијата разочарувања за фановите на поранешниот англиски шампион.

Менаџерот Ерик тен Хаг коментирајќи го неубедливиот резултат, истакнал комплимент за својот тим, кој нема премногу да ги израдува навивачите на „црвените ѓаволи“.

– Ние сме најдинамичен и најзабавен тим во лигата во овие моменти.

– Креираме многу шанси, играјќи убав фудбал. Секој противник ни дава шанси, но малку е чудно што не успеваме да реализираме, – рекол Тен Хаг.

Јунајтед освои седум бодови на последните шест лигашки натпревари и сега се бори за место кое води во Лига Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни