Поврзете се со нас

Формула 1

Судирот на двата Мерцедеси го одбележа стартот во Катар, Ферстапен ја прослави титулата со нова победа (Видео)

Објавено

на

foto: twitter.com/F1

Макс Ферстапен не форсираше и заврши втор на спринт трката на која стана трикратен светски шампион, но затоа денеска на главната трка повторно дојде до израз неговата доминација и оствари нова победа оваа сезона.

Холанѓанецот славеше на трката за Големата награда на Катар и стигна до 14-та победа на 17-та трка оваа сезона, што доволно говори колку е подобар од конкуренцијата во изминатите неколку месеци.

Дури и во ситуација кога ја осигура титулата и кога можеше да се опушти, Ферстапен не остави ништо на случајноста и покажа дека е роден шампион, па така Оскај Пјастри кој вчера беше прв, денеска мораше да се задоволи со второто место.

Трката во „Лосаил“ беше одбележана и од драматичниот старт во кој судир имаа двајцата возачи на Мерцедес, по кој Луис Хамилтон уште на стартот остана без шанси да се бори за бодови.

Расел на крајот остана и заврши четврти, веднаш зад двоецот на Мекларен Пјастри и Норис. Во првите десет уште се најдоа Леклер, Алонсо, Окон, Ботас, Жу и Перез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни