Поврзете се со нас

Италија

Спортскиот директор на Рома одговори на коментарите на Мурињо

Објавено

на

Жозе Мурињо се пожали на послабата финансиска моќ на Рома во однос на ривалите, а спортскиот директор Тиаго Пинто денеска морал да ги коментира изјавите на тренерот на „волчицата“.

Мурињо го посочил примерот со тоа што Рома мора да игра два натпревара неделно, а нема долга клупа како финансиски помоќните клубови, додека од другата страна неговата екипа игра и против помалку моќни клубови кои играат еден натпревар неделно.

– Разбирам што сакал да каже, но иако економскиот фактор е важен во фудбалот, но ако беше најважен Манчестер Сити и ПСЖ секоја година ќе победуваа во Лигата на шампионите.

– Ако не се лажам, такво нешто не се случува.

– Факт е и дека е тешко да играш во четврток во Европа и три дена подоцна во Серија А, бидејќи секоја екипа има време тактички и физички добро да се подготви и да ти направи проблем, – изјавил Пинто.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни