Поврзете се со нас

Свет

„Спорт“: Ал Хилал одредил датум за потврда на доаѓањето на Меси во Саудиска Арабија

Објавено

на

foto:twitter.com/PSG_inside

Лионел Меси ја завршува својата етапа во ПСЖ, а каталонски „Спорт“ денеска објави дека неговиот следен клуб веќе има и план кога ќе го официјализира неговото пристигнување.

Ал Хилал ќе го потврди трансферот на Меси на 6. јуни, термин кој клубот од Саудиска Арабија го поставил уште претходно за да добие на време во комплетирањето на преговорите со фудбалерот и да ги подготви сите потребни детали за важното известување за фановите.

Меси ќе заработува по 400 милиони евра по сезона, речиси двојно повеќе од Кристијано Роналдо во Ал Наср, а неговото пристигнување во Саудиска Арабија ќе го обнови ривалството меѓу двете големи фудбалски ѕвезди.

Самиот Аргентинец се согласил на брза потврда на ангажманот, неколку дена по последниот натпревар на ПСЖ во Франција, со што би се избегнале натамошните шпекулации и постојани нагаѓања за неговата иднина.

Ал Хилал е најтрофеен клуб во Саудиска Арабија, но треба да се напомене дека не обезбеди место во азиските купови со пласманот во веќе завршената сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни