Поврзете се со нас

Лига на нации

Состав за дуелот со Грузија: Македонија тргнува со Ристовски и Миовски во нападот

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација од 18 часот гостува кај Грузија во претпоследниот натпревар од актуелното издание на Лигата на нации, а избраниците на Благоја Милевски ќе се обидат да му се реваншираат на противникот кој славеше во Скопје.

УЕФА ги објави составите за дуелот Грузија-Македонија, а селекторот Милевски се одлучи за формација со двајца напаѓачи.

Очекувано на голот е Димитриевски, додека пред него во дефанзивниот ред се стоперите Зајков, Муслиу,  и Велковски.

Во средниот ред ќе настапат Алиовски, Ашковски, Спировски, Барди и Елмас, додека улогата на напаѓачи ќе ја имаат Милан Ристовски и Бојан Миовски.

Грузијците во нападот ќе сметаат на своите најдобри фудбалери, Кварацхелија и Давиташвили.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни